Во Брвеница на 2 февруари ќе спроведе бесплатен ПАП тест и ЕХО на жени кои живеат во рурални средини, односно во територијата на Општина Брвеница.

Акцијата се спроведува од страна на Агенцијата на Обединетите нации за сексуално и репродуктивно здравје- УНФПА во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, а со поддршка на Црвениот Крст на Република Северна Македонија во соработка со Општина Брвеница.

-За таа цел ги известуваме сите жени на територијата на Општина Брвеница, кои сакаат да извршат бесплатен ПАП тест и ЕХО преглед да се обратат и пријават кај нивните матични лекари за закажување на термин, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Термините започнуваат од 2 февруари од 09:30 до 14:30 часот, информираат од Црвениот крст Тетово.

Амбулантното возило и шаторот ќе бидат поставени во дворот на основното училиште во село Брвеница.