Денес започнуваме прва фаза со кастрење и расчистување на помошните земјени канали за наводнување, по што во соработка со АД Водостопанство-Кочани ќе следи машинско уредување и санација на истите пред започнување на новата сезоната за наводнување.
Целта ни е ефикасно наводнување на земјоделските површини со доволна количина и динамика на вода во целиот атар на Општина Зрновци, со што значително би се олеснило вршењето на земјоделските работи на сите жители кои се бават со земјоделие.
Да напоменам дека со амандман беше побарано од Владата на Република Македонија да одвои и испланира сретства за канализирање на овие помошни канали за наводнување со изградба на каскади на река Зрновка за кој проект постои проектна документација и за истиот финансиската конструкција изнесува 6.600.000 денари, истиот од страна на Комисијата за Буџет беше одбиен.
Наше е во рамките на нашите можности да пронајдеме начин за олеснување на макотрпната работа на трудољубивите земјоделци од Општина Зрновци.