Двајца осомничени се приведени денеска, околу 12 часа откако полицијата во западна Германија започна потрага по убијците на двајца нивни колеги офицери во селото Улмет.

Осомничените, на возраст од 32 и 38 години, се уапсени во градот Сулцбах. Триесет и осум годишниот маж е осомничен бидејќи на местото на злосторството полицајците пронашле хартии што му припаѓаат, според полициските информации.

Опишан како трговец со дивеч, осомничениот им бил познат на властите бидејќи еднаш побегнал од место на несреќата, и очигледно имал дозвола за оружје.

ДПА не го открива идентитетот на осомнич ните поради строгите германски закони за приватност. Истрагата за злосторството што ја шокираше земјата се уште е во тек, соопштија властите.