Општина Битола е прва општина во Пелагонискиот регион што почнува иницијатива за пренаменување на градежно земјиште во земјиште за јавна употреба: паркинг простор со јавно зеленило
На вчерашната седница на Совет, на иницијатива на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, донесена е одлука за трансформација на земјиштето кај поранешен финансов (или зградата на Управата за јавни приходи) во земјиште за јавна употреба-паркинг простор со јавно зеленило. Оваа одлука всушност ќе резултира со пренамена на просторот во земјиште за јавна употреба-паркинг простор со јавно зеленило, каде претходно била предвидена маркица за станбен објект за колективно домување.
Со ваквиот начин на работа општина Битола е прва општина во Пелагонискиот регион што почнува иницијатива за пренаменување на градежно земјиште во земјиште за јавна употреба: паркинг простор со јавно зеленило и ова се само првите чекори во визијата и вистинската намера да обезбедиме одржлив локален развој.