Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денеска ја пречека на средба амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероника Хулман Марти при што се разговарало за швајцарските искуства во спречување поплави и за соработката во различни области поврзани со инфраструктурата, информираат од Општина Тетово.
Хулман Марти ги презентирала проектите поддржани од Швајцарија како и планираните активности во насока на соработка.
-Амбасадорката изрази подготвеност да помогне со швајцарските искуства во нивното спроведување во нашата општина. На средбата се разговараше и за проектот за регулација на реката во село Шипковица како и за регулација на коритото на реката во село Порој. Се разговараше и за изнаоѓање системско решение за заштита од поплави, соопштија од општината.
Од таму додаваат дека градоначалникот Касами изразил благодарноста за поддршката како и подготвеноста за реализација на нови проекти.