Родители на ученици од две петти одделенија од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“, одлучија да не ги пуштаат децата на училиште, бидејќи за неколку години им се смениле шест, односно пет наставнички.
Претставници на родители денеска во изјавата за медиумите кажаа дека за проблемот се обратиле до сите институции.
Верица Тодоровска, претставник на родители на 5-а одделение, кажа дека и по првиот протест и по продолжениот зимски распуст немало решение за нивниот проблем.
– Не добивме никаков одговор вчера откако разбравме дека работата е завршена, дека имаме нови наставнички во одделенијата, со протестни писма упативме и кај директорот, секторот за образование и во државниот просветен инспекторат и МОН дека ние како родители нема да ги пуштаме нашите деца на настава затоа што сме револтирани од овие промени кои кај нашите деца предизвикуваат трауми, психички, ментално малтретирање, изјави Ристовска.