Од почетокот на мојот мандат пред само 3 месеци, денес ја имав честа да го врачам 100-то решение за легализација на г-динот Бранко Далевски од с. Башино Село.

Легализацијата на објекти беше проблем на велешани за кој во предизборниот период се обврзав дека ќе се заложам.

Со реорганизација на постоечките човечки ресурси во Општината ги максимизиравме капацитетите на овој сектор, поради што очекувам дека во текот на 2022 година ќе бидат решени од 500 до 750 предмети, односно 750 граѓани ќе го добијат своето решение.