Зимската оператива на општина Кавадарци од утрово интензивно работи на расчистување на снегот на сите јавни површини во градското подрачје, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму нагласија дека од рано утрово, на чистење на снегот се работи и на патиштата кон повисоките планински места и села во Бошавијата.

Информираат дека во врска со проодноста на патиштата во зимски услови, граѓаните можат да се обратат вo информативниот центар на телефонскиот бројот 13 300.