Ангажирани биле три багери и пет камиони, а улиците се посипани со 25 тони сол и 15 кубика песок.

По врнежите од снег, штипските улици се чисти и по нив нормално се одвива сообраќајот. Директорот на ЈП „Стипион" – Штип, Игор Ефтимов, за МИА вели дека чистењето на улиците интензивно го почнале синоќа од 19 часот, а завршиле во раните утрински часови, со цел граѓаните непречено и без проблеми да заминат на своите работни места.

Ангажирани биле три багери и пет камиони, а улиците се посипани со 25 тони сол и 15 кубика песок.

– Во моментов сум во обиколка низ градот, нашите вработени со механизацијата ги исчистија улиците од прв, втор и трет приоритет, а сега се чистат споредните улички низ населбите, вели Ефтимов.

Посочи дека вчера се пробиени патиштата до селата Шашаварлија, Никоман, Врсаково, а денеска се пробиваат и чистат патиштата во Лакавичкиот регион односно кон селата Љуботен, Чифлик и Пиперово.