Во Делчево доделени благодарници за учесниците на Литературниот и Ликовниот конкурс кој се организира во рамки на настанот „Делчево во чест на Гоце„ како дел од одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.
-Јавната локална библиотека „Илинден по тој повод организираше мини ликовна изложба на која учествуваа ученици, како од основните, така и од средното училиште. Исто така ученици од овие установи учествуваа и на Литературниот конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“. Од име на ЈЛБ „Илинден“ упатуваме јавна благодарност до сите кои учествуваа на двата конкурси, за што од наша страна добија благодарници, рече директорката на ЈЛБ „Илинден”, Билјана Петровска.
Дел од цртежите и од творбите ќе бидат претставени и на Свечениот концерт по повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кој ќе се одржи во петок (4 февруари 2022) во спомен домот АСНОМ со почеток во 19 часот.
Настанот го организира Општина Делчево во соработка со Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“.