Утрово, повисоките населени места во општина Гази Баба беа зафатени од врнежи од снег.

Кризниот штаб и службата за зимско оддржување навремено излегоа на терен и комплетно се расчистени патиштата.

Во текот на денот службите ќе останат на терен со цел брза реакција доколку биде потребно.