Вински музеј Кавадарци попладнево најави тридневни активности по повод верскиот празник „Свети Трифун“, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.

– Во чест на празникот кој е на 14 февруари, ќе имаме настани во сабота, недела и понеделник. Во сабота е меѓународното оценување на вино и ракија во организација на „Винотек“, здружение за промоција на производите од грозје и винскиот туризам. Здружението е наш партнер во организирањето на оваа манифестација. Во недела е дегустацијата на вина, информираа од Музејот на вино.

Оттаму соопштија дека во понеделник на програмата е нивното доделување на плакети за придонес и поддршка во развојот на винската култура и традиција, како и доделувањето на дипломи за наградените мостри на вино и ракија. Ќе има и вински базар со музичка програма.

Покровители на настанот се градоначалникот и Совет на општина Кавадарци.