Во карбинското село Таринци попладнево пожар ќе пеплосаше куќа, но брзата интервенција на штипските пожарникари спречи поголема трагедија за семејството.

Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев вели дека изгорена е кровната конструкција и три соби во куќата. Пожарот го гаснеле два часа, а бил пријавен околу 14 часот.

На терен излегле шест пожарникари со две возила. Во куќата немало никој, домаќините биле излезени.

Полицијата треба да утврди која е причината за пожарот, а локалните жители претпоставуваат дека станува збор за стара електрична инсталација.