Во СВР Тетово вчера во 16.20 часот е пријавено дека во временскиот период од 16 часот на 7 февруари 2022 до 16 часот на 11 февруари 2022 од објект на автосервис, на локалниот пат Тетово – село Требош, сопственост на Ш.Ј.(52) од Тетово, биле одземени пари, документи и накит.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.