Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Борка Талевски“, број 67 и 69 во општина Карпош, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок на улица „Багдадска“, 1/4 и ќе трае до завршување со активностите.