Јубилејното 35 издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест-Валандово“ не доби финансиски средства како подршка од програмите на Министерството за култура за негово организирање и одржување.

Според Министерството за култура, организаторите на најреномираниот наш фестивал за новокомпонирана македонска народна песна, наместо да се пријават на конкурсот од областа на фолклорна дејност, аплицирале во областа Музичко сценска дејност каде од комисијата биле одбиени.

Одбиените апликанти имаат право на жалба во рок од 15 дена,така што и општина Валандово како организатор на фестивалот од национален интерес има право да се жали и да ја наочи апликацијата на вистинска адреса, велат од Министерството за култура.

– Независно дали ќе добиеме пари или не, јубијелниот „Фолк Фест“ ќе го организираме со сопствени средства кои како локална самоуправа ги имаме планирано во буџетот, а проектот за фестивалот е вметнат и во годишната програма за организирање и одржување на културни настани во општина Валандово, рече градоначалникот Перо Костадинов.