Кус преглед на најбитните настани од вчерашниот четврти ден од војната во Украина, што почна со инвазијата на руските сили врз неколку локации, а веќе два дена е интензивирана околу главниот град Киев.

*Русите со проектили го гаѓаа украинскиот главен град, но одбраната на Киев не се предава, туку напротив се видат жестоки борби на сите приоди на градот.

*Голем број европски земји го затворија својот воздушен сообраќај за руските авиони

*Русите соопштија дека вчераутро влегле во Харков, Украинците попладнето пријавија дека ја повратиле контролата и ги протерале руските сили

*Путин нареди нуклеарното оружје да се стави во состојба на зголемена готовност, како одговор на заканите од НАТО

*Русија и Украина се договорија да се сретнат на разговори за границата меѓу Украина и Белорусија.

*Кулеба: Разговорите со Русија без никакви предуслови и ултиматуми веќе се победа

*Столтенберг изрази загриженост од заканата на Путин со ставање на силите за одвраќање во состојба на зголемена готовност.

* Русија првпат призна дека има жртви и повредени во војната во Украина

*Кулеба: Уништен најголемиот авион во светот

*Украинците тврдат дека за седум пати е зголемено нивото на зрачење кај Чернобил

* ТАСС суспендирана од членството во ЕАНА.