Гувернерката на Њујорк, Кејти Хокал потпиша указ со кој се забранува оваа американска сојузна држава да има бизнис соработка со Русија.
Со указот се превидува и поништувањето на сите инвестиции во Русија.
На прес-конференција Хокал најави дека Њујорк ќе прими бегалци од Украина и потсети дека таа сојузна држава има најголемо украинско население во САД.