Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР) денеска го прифати барањето на Украина неделава да се одржи итна дебата за руската воена инвазија, откако претставникот на Киев на форум во Женева рече дека некои од воените дејствија на Москва „можат да придонесат за воени злосторства“. “.

Советот од 47 членови го усвои предлогот со 29 гласа „за“ (вклучувајќи ги и САД) и пет „против“ (вклучувајќи ги Русија и Кина), додека 13 беа воздржани, откако рускиот амбасадор Генадиј Гатилов повика гласањето да биде јавно.

Амбасадорката на Украина во ОН во Женева, Јевхенија Филипенко, во својот воведен говор рече дека „Русија, членка на овој комесаријат, посегна по неиспровоциран и неоправдан напад врз Украина“.

– Тоа не беше само напад врз Украина, тоа беше напад врз секоја членка на ОН, врз Обединетите нации и врз принципите што ги создаде оваа организација, рече Филипенко.

Гатилов рече дека Русија започнала „специјални операции за да ја спречи трагедијата во регионот на Донбас и оти руските сили не пукаат врз цивилни цели во Украина“.