Кина е подготвена да соработува со САД на глобалниот инфраструктурен план предводен од Г7 и е отворена за приклучување на Вашингтон на нејзината иницијатива „Појас и пат" (БРИ), изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Групата седум најразвиени земји (Г7), составена од САД и нивните сојузници, во јуни ја предложи иницијативата „Да изградиме подобар свет" (Build Back Better World) (B3W) за да им помогне на земјите во развој да ги задоволат инфраструктурните потреби додека се обидуваат да се спротивстават на растечкото влијание на Кина.

– Подготвени сме и да ја разгледаме координацијата со иницијативата на САД за изградба на подобар свет за да обезбедиме повеќе висококвалитетни јавни добра на светот, рече Ванг во видео пораката на 50-годишнината од Шангајското коминике, кое ја одбележа нормализацијата на односите меѓу САД и Кина.

Тој рече дека Кина е исто така отворена за учество на САД во иницијативата „Изгради подобар свет" и Иницијативата за глобален развој, повик на кинескиот претседател Си Џинпинг во септември до сите земји да работат на одржлив развој.

Иницијативата Г7 „Да изградиме подобар свет" (B3W) се смета за алтернатива на кинеската ривалска иницијатива „Појас и пат" (БРИ), што ја почна Си во 2013 година. Повеќе од 100 земји потпишаа договори за соработка со Кина за проектите на БРИ, како што се железници, пристаништа, автопатишта и друга инфраструктура.

Шангајското коминике, документ кој го означува крајот на изолацијата меѓу двете земји објавен за време на историската посета на тогашниот американски претседател Ричард Никсон на Кина, значеше дека двете големи сили со различни општестве ни системи се подготвени мирно да коегзистираат мирно, објасни Ванг.