Високиот комесар на Обединети нации за бегалци (УНХЦР), Филипо Гранди денеска изјави дека повеќе од 500.000 луѓе ја напуштиле Украина и засолниште од војната нашле во соседните земји.

Поголемиот дел од украинските граѓани пребегнале во Полска, каде од избивањето на војната пристигнале над 281.000 цивили. Според полската гранична служба само вчера речиси 100.000 луѓе ја преминале украинско-полската граница.

Портпаролот на УНХЦР, Крис Мелцер истакна дека стотици илјади луѓе се раселени во Украина, наведувајќи дека се уште не ја знае точната бројка.