Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи на почетокот на разговорите им се обрати на руската и на украинската делегација. Тој им посака добредојде и рече дека треба да се чувствуваат целосно безбедно.

– Почитувани пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот (Володомир) Зеленски и претседателот (Владимир) Путин. Овде можете да се чувствувате сосема безбедно. Тоа е наша света должност, рече Макеи, пренесува Си-Ен-Ен.

– Претседателот Лукашенко искрено се надева дека во текот на денешните разговори ќе биде можно да се најдат решенија за сите прашања од оваа криза. Сите Белоруси се молат за ова. Сите предлози, во однос на организирање на денешната средба, ќе бидат разгледани и апсолутно исполнети, рече тој.

– Со нетрпение ги очекуваме резултатите, додаде Макеи.