Во соработка со месната заедница од с.Црквино започната е реконструкција на две улици во селото, во вкупна должина од 450 метри. Денес направив увид на градежните активности за подготовка пред асфалтирање, каде се прави ископ, кршење на карпа, планирање и валирање на подлога и распостилање на тампон.
Со подобрување на временските услови ќе се отпочне со работа и на други предвидени улици во Велес и околните села. Општина Велес и јас како градоначалник остануваме посветени на целта за добросостојба на сите жители на Општината.