Издавачката куќа „Слово“, како дел од поетската едиција ја објави книгата „Паралели“ од Лидија Даниловска-Алексовска.
Тематски, книгата „Паралели“ зборува повеќе за она што е стварност, што е живот. Оттука, песните, на поетски начин, зборуваат за доживувањата, за животните искуства, а дел од нив се особено поврзани со релациите, со љубовта, што се споделува со најблиските, велат од „Слово“.
Ова е втора книга на Даниловска-Алексовска, а нејзината прва книга е насловена „Од двете страни“.