Босанскиот патеписец-авантурист Роберт Дацешин ги посети убавините на Лавов – град во западна Украина кој се смета за културен центар на земјата.

– Пред еден месец го посетив Лавов, еден од најубавите градови во Источна Европа во којшто, едноставно, се вљубив. Денеска ова срце се кине додека ги гледам моите пријатели од овој и другите градови на Украина и состојбата во која се наоѓаат. За да ви покажам колку е посебен овој град, го направив ова видео, во кое, меѓу другото, зборувавме и за животот во Украина, вели Дацешин.

Видеото го прикажува Плоштадот Ринок, црквите, капелата Боим, Домот на научниците, старата аптека, неколку музеи, а ќе ја почувствувате и вистинската душа и енергијата на ова место.

– Она што можеби не сте го знаеле за мене е дека моите потекнувам од овој град… Но, ќе дадам сѐ од себе – сè да биде искрено и реално како што беше досега… Како културен центар на земјата и град полн со неверојатна архитектура и историја, ова е град што кога ќе го посетите, се чудите како е можно ова место да нема повеќе туристи! …Иако, можеби откако ќе го погледнете ова видео, тоа ќе се промени, бидејќи верувам дека, кога ќе видите што има да понуди Лавов, ќе се вљубите во овој град како и јас, коментира Дацешин во видеото.