Двајца Палестинци загинаа во напад на израелските сили извршен ноќеска во градот Џенин на Западниот Брег на реката Јордан, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Загинатите се млади лица на возраст од 18 и 22 години.

Тел Авив соопшти дека израелски оружени сили влегле во Џенин како дел од акција за апсење лице осомничено за тероризам. После приведувањето на осомничениот, израелските војници биле нападнати со огнено оружје од повеќе насоки на што одговориле на огнот. Во престрелката учествувале над 150 лица. Врз изралските сили биле фрлани и камења и „молотови коктели“, на што изралските војници возвратиле со боева муниција.

Во последно време зачестени се престрелки меѓу палесинците и изралските сили на окупираниот Западен Брег.