Ниските температури во Киев додаваат уште една грижа на листата со проблеми на жителите на главниот град на Украина. Со илјадници луѓе засолнети во незагреани подруми, подземни паркиралишта и метро станици низ градот, ненадејниот студен бран е загрижувачки, јави репортерот на Си-Ен-Ен.
Температурите се под нула Целзиусови степени веќе две недели во Киев.
Сега е замрзнувачки студено во градот, луѓе со часови чекаат во редици пред аптеки и продавници, откако се отворија за првпат, по 36-часовен полициски час.
Засега нема проблеми со струја, топлина и вода. Но, сè поголем е стравот од потенцијални нарушувања во снабдувањето, додека долг руски воен конвој се приближува кон градот, јави медиумот.