Во Делчево има доволно брашно, шпекулација е дека цените се покачени, тврдат од компанијата „Манов ДОО”, една од најголемите увозници на брашно во регионот.
Оттаму ги демантираат информациите за раст на цените и недостигот од брашно.
-Како сериозна компанија, ги известуваме потрошувачите дека имаме доволни количини брашно од сите видови и типови. Воедно ги демантираме сите дезинформации за недостиг и покачување на цените, истакнаа од делчевската компанија.
И продавниците тврдат дека е зголемена продажбата на брашно иако, како што потенцираат, брашно има и може да се набави во секое време.
Граѓаните кои купуваат поголема количина брашно, велат дека морале да се снабдат, бидејки, според нив, не се знае каква ќе биде состојбата до есен.
-Ако продолжи ова што се случува во Украина, може да остане и неожнеено ако заигра „мечката” и накај Балканот. Смирување нема да има скоро, смета Драго Ристовски, жител од Делчево. Неколку маркети во градот потврдија дека продажбата на брашно е зголемена, но количински, велат, се добро снабдени поради што не очекуваат недостиг на брашно во наредните две недели.