Секој први Март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите.

Традиционално, се подаруваат во Кавадарци, така беше и денеска.

– Ксантика означува светлина т.е. божица на цвеќињата, на љубовта и убавината, во која бил заљубен богот Македон. Имено, мартинките се бразлетни направени од црвена и бела волница, исплетена на различни начини. Мартинките освен како бразлетни, можат да се прикачуваат и на облеката, се носат како приврзоци од први март, па се до расцветувањето на првото дрво како предвесник на пролетта – појаснија од Музеј галерија Кавадарци.

Оттаму потсетија на верувањето, дека мартинката на крај треба да се закачи на дрво, со желби за добро здравје.

– Мартинките се направени од две бои, белата ја симболизира чесноста и невиноста, додека црвената светлината и љубовта во животот. По овој повод, бевме посетени од дечињата од градинката ЈУДГ “Буба Мара” со нивните наставнички, ни подарија мартинки и ни го разубавија денот – информираа од Музејот.