Домот на култура „Јане Сандански” од Пехчево подготвува ликовна изложба по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Активноста ќе се реализира во соработка со општинските воспитно-образовните установи.
-По повод празникот 8 Март, Домот на културата „Јане Сандански” Пехчево во соработка со градинката Јавната општинска установа „7 Септември” и Општинското-основно училиште „Ванчо Китанов” ќе организира изложба на цртежи, честитки изработени од хартија или други материјали, како и пишувани песни во проза и поезија, соопштија од ДК „Јане Сандански”.
На изложбата, како што информираат, можат да учествуваат сите ученици кои сакат да цртат, творат, да пишуваат и да го негуваат пишаниот збор.
- Цртаните и пишаните творби треба да бидат доставени најдоцна до 6.03.2022 година во просториите на Домот на култура, додадоа организаторите.
Ликовните творби ќе бидат претставени во големата сала на Домот на култура на 8 март, кога ќе бидат прочитани и ликовните творби кои ќе учествуваат за одбележувањето на Денот на жената.