Општина Јегуновце информира дека е започнато уредување на патот што води од село Јегуновце кон месноста Пештер. Со механизацијата на општинското јавно претпријатие „Јегуновце се расчистува градежниот шут и останат отпад долж патот, со што се создадени можности за негово проширување.

- Во соработка со општинското јавно претпријатие „Јегуновце“ започнавме акција за уредување на патот што води кон месноста „Пештер“ во Јегуновце.

Со помош на механизација се расчистува градежниот шут и останат отпад долж патот кон „Пештер“ со што во понатамошна фаза ќе се прошири патот и целосно ќе се расчисти се со цел непречено движење кон месноста „Пештер“ што од година во година претставува атрактивна туристичка атракција за општина Јегуновце.

Упатувам апел до локалното население за поголема грижа и да не дозволиме да го загадуваме просторот кон „Пештер“, туку да придонесеме да ја заштитиме природата и туристичките места во општина Јегуновце, истакна градоначалникот Костадиновски