Во Здравствениот дом во Кичево во последните неколку месеци сите пациенти се вакцинираат единствено со вакцината на „Фајзер", потврди одговорната сестра Мира Мојсоска.

-Во Здравствениот дом во Кичево опаѓа интересот на граѓаните за вакцинирање против Ковид-19. Само во февруари бројот на лица кои ја примиле првата и втората доза бележи благо намалување и од 28 вакцинирани со прва доза до средината на месецот бројот се намали на 21 пациент до 1 март. Слична е состојбата и со втората доза кога во истиот период од 31 лице до средината на февруари, во втората половина од месецов бројката се сведе на само 24 лица. Најголем пад се бележи кај лицата кои ја примиле третата доза и од 120 лица вакцинирани до 16 февруари, на крајот на претходниот месец нивниот број да се спушти на само 52 лица, нагласи Мојсоска.

Таа потврди дека поради малиот број на лица вакцинирани во изминатиов период, кумулативниот раст на вакцинирани со прва, втора и трета доза бележи само благ пораст.

-До денес во Здравствениот дом во Кичево прва доза од вакцините на „Синофарм", „Астра Зенека",„Синовак" и„ Фајзер" примиле вкупно 14 577 граѓани, втора доза примиле 14 007 граѓани. Трета доза која почна да се дава во текот на есента примиле 3 466 лица и сите се вакцинирани со Фајзер, посочи Мојоскса и додаде дека и натаму со најголем број дози предничи кинески „Синовак" вкупно 14 424 , а на второ место е„ Фајзер" со вкупно 12 747 дози.