Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево доби донација книги од Агенцијата за иселеништво на РМ. Директорката на библиотеката Биљана Петровска истакна дека вредните наслови остануваат во трајно користење на библиотеката.
-Огромна благодарност до Агенцијата за иселеништво на РСМ и директорот на Слободан Близнаковски, за оваа донација со која од денеска библиотеката има на располагање поголем број на наслови кои ќе бидат достапни на нашите читатели. Оваа донација на ЈЛБ „Илинден“ и беше доделена заедно со уште две библиотеки во државата, што особено не радува, рече Петровска. Книгите, како што додаде, во најбрз рок ќе бидат обработени и ќе се најдат на полиците на библиотеката.
Агенцијата за иселеништво на РСМ како што додадоа од библиотеката, во рамките на своите надлежнисти се грижи за зачувувањето и промовирање на литературни творби создадени на македонски јазик, но и дела на странски автори преведени на македонски јазик.