Во Пехчево е отворена ликовната изложба „Ретроспектива на ликовна колонија 2003-2006 год Берово”. Настанот е во организација на Домот на култура „Јане Сандански”, од каде упатија отворена покана до љубителите на уметноста во наредните десет дена да ја посетат изложбата.

-Од денеска до 13 март љубителите на уметноста ќе можат да ја разгледаат изложбата која се состои од 18 уметнички слики, изработени од македонски ликовни уметници. Сите оние кои се љубители на уметноста, на убавината претставена со четка и бои, нека повелат и нека не посетат, истакнаа организаторите.

Изложбата во текот на наредната недела ќе биде отворена и за воспитно-образовните установи и учениците. Во меѓувреме, пехчевскиот Дом на култура подготвува ликовна изложба по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, активност која ќе се реализира во соработка со општинските воспитно-образовните установи.