Владата на денешната седница донела Заклучок со кој го прогласила Куршумли Ан за културно наследство од особено значење.

-Со оваа одлука се овозможува трајно зачувување на анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Заклучокот, како што појасни Хоџа, бил донесен на предлог на Управата за заштита на културно наследство.