На интернационалниот натпревар „Angel Voice” што се одржа во Белград од 25-28 февруари, велешкото ООМУ „Стефан Гајдов“ освои голем број награди во силна конкуренција во светски рамки. Оркестарот на традициски инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов”-Велес, освои прва награда со 94,6 бодови. Оркестарот го сочинуваат учениците Теодор Мазнев, Христијан Друмер Саздовски, Андреј Бошев ,Давид Николов и Робертино Чаневски.
– Ова за велешкото музичко училиште е голем успех.Горд сум на вас мои успешни ученици и нека ви се множат успесите и наградите, потенцира нивниот професор Трајче Малинов.
Во пијано од ООМУ „Стефан Гајдов“ во класата на професор Илија Настовски награди освоија учениците лауреат – Петар Митиќ, прва награда Даниела Теова, Стефан Ракиџиев и Огнен Ристов, втора Јасмин Настовски, Љупче Стојанов, Филип Делов и Ангел Димов.
Во класата на проф Јованче Банев награди освоија учениците Михаела Андреева,Софија Алексовска и Петар Саздов.
Овие високи награди се освоени во конкуренција на млади натпреварувачи од Србија, БиХ, Словенија, Бугарија, Кина, Јапонија, Финска, САД, Русија и Украина, Австрија, Австралија.