Во Скопје денеска ќе биде отворен Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со UN Women.
Активноста е во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Македонија“, што се спроведува со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.
Најавени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, амбасадорките на Швајцарија Вероник Улман Марти и на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и на Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Македонијa и Блерта Цела, заменик регионална директорка на канцеларијата на UN Women во Европа и Централна Азија.