Посадени се неколку садници од брзорастечкото дрво пауловнија кај споменикот во Неготино, во соработка со екологистите од ООУ „Страшо Пинџур“, предводени од наставникот по биологија Шекерина Симоновска, информираа денеска од „Ековита”, здружение за заштита на животната средина.
– Целта ни е да се спречи ерозија на насипот кај споменикот. Акцијата беше предводена од нашето здружение како регионален координатор за Вардарски регион на Коалицијата за клима на граѓански организации, рече дипломираниот инженер по биологија, Сашко Тодоров, претседател на Здружението.
Тој појасни дека нивниот ангажман е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансиран од Шведската меѓународна агенција за соработка и развој–Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП. свд/цр