Министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи, реагираше по објавувањето на извештајот на Стејт департментот на САД во кој се наведува дека Албанија е локална база за меѓународни шверцери на дрога и реакциите на опозицајата дека „ САД ставиле печат на она на што таа обвинувала дека Албанија е магацин на силни дроги“.
Во објава на Твитер тој наведува дека зголемувањето на количината кокаин запленета од албанските власти во пристаништето Драч, во текот на 2021 година и учеството на државната полиција во заедничките меѓународни операции, се важни показатели кои ја докажуваат ефикасноста на работата на албанските структури и зголемената доверба во државната полиција.
-Зголемувањето на количеството запленет кокаин во текот на 2021 година во пристаништето Драч, благодарение на работата на државната полиција, е значаен показател за нашата ефикасност во борбата против криминалните групи во областа на наркотиците. Овој факт е потврден и во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за „стратегијата за контрола на меѓународната трговија со наркотици“, во кој се оценува и активното учество на Албанија во заедничките меѓународни операции за сузбивање на трговијата со дрога и заплена на нелегално стекнати средства, напиша Чучи.
Според него овие два значајни податоци докажуваат дека „ работата на државната полиција и довербата во оваа структура е подигната на повисоко ниво“.
-Остануваме посветени на продлабочување на резултатите преку размена на информации и други заеднички операции, наведува Чучи.