Синоптичарите од утре најавуваат период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег.
За време на викендот наместа врнежите ќе бидат пообилни, а на планините и на повисоките места ќе врне снег и ќе се зголеми снежната покривка. Нова снежна покривка се очекува и на некои пониски места.
Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -1 до 4 степени, а дневните од 0 до 8 степени.