Земјоделско-шумарското средно училиште од Кавадарци почна соработка со шведско училиште, како дел од меѓународната соработка, која што ја остварува училиштето.

Со планираната соработка е предвидена размена на ученици и наставници, како и учество во заеднички проекти.

– Во посета на нашето училиште се претставници од средното „Curt Nicolin Gymnasiet” од градот Финспанг, Шведска. Во знак на почеток на идна плодна соработка на двете училишта, денеска во дворот на училиштето беше посадено заедничко дрво, индиски јоргован. Договорот за соработка, во иднина, предвидува размена на ученици и наставници, како и учество во заеднички проекти, појаснија од кавадаречкото училиште „Ѓорче Петров”.