Здружението на граѓани „Промени се“ во соработка со подружницата на шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија утре ќе спроведе акција за пошумување на просторот во непосредна близина на времената градска депонија кај селото Ново Конско.
– На веќе подготвениот терен од страна на шумските работници од Гевгелија на површина од околу половина хектар планираме да засадиме околу 4.000 садници од црн бор и багрем кои се обезбедени од гевгелиското шумско стопанство, потврдија организаторите на акцијата.
Сите невладини организации, граѓански здруженија и жители на општина Гевгелија доколку сакаат да учествуваат во акцијата треба да пристигнат утре изутрина до 8:30 часот на собирното место пред црквата во селото Ново Конско, што се наоѓа во фаза на изградба, и од таму заедно со организаторите да се упатат кон подготвениот простор за реализација на акцијата.