Штипската полиција вчера лишила од слобода тројца велешани кои се обиделе да извршат тешка кражба од патничко моторно возило.
Според портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панајотова, се работи за И.К, Е.А. и А.Р, на возраст од 24 до 29 години. Тие околу 23.00 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Штип со уптреба на сила и подесен алат се обиделе да ја извршат кражбата.
Од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предмети поради сомнение дека биле употребени за извршување на кривичното дело.
По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во извештајот од СВР се наведува и дека вчера во 14.07 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при проверка на пратка за осуденикот А.Р. биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и прашкастата материја била одземена за натамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.