Премиерот на Бугарија Кирил Петков доби снежна топка во главата за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.
Бугарските медиуми пишуваат дека Петков бил погоден со снежна топка додека зборувал за единство за време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Бугарија.
И покрај комплицираната ситуација што ја создадоа приврзаниците на про-руската партија „Преродба“, бугарскиот премиер им се обрати на присутните дека Бугарија не ја добила својата слобода бесплатно, туку се борела за неа. Тој потсети дека за ослободувањето и за тоа земјата да биде независна, своите животи не ги дале само многу руски војници, туку и Украинци, Финци, Романци и Белоруси.
-Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!, рече Петков, кој беше погоден од снежна топка. Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив.