Синоќа се одржаа два концерта под маски на Музичкото училиште „Боро Џони", на кој учествуваа сегашни и поранешни ученици на ова училиште.

Осумдневните карневалски празнувања во Струмица продолжуваат вечер со традиционалниот маскенбал во хотелот „Сириус" на кој ќе се изберат принцот и принцезата на Струмичкиот карневал, кои заедно со кралската свита утре ќе ја предводат карневелската поворка по улиците на градот.

Во карневалското дефиле се очекува да учествуваат дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција. Нивните маски ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните.

Синоќа се одржаа два концерта под маски на Музичкото училиште „Боро Џони", на кој учествуваа сегашни и поранешни ученици на ова училиште.

Карневалот продолжува на Прочка, в недела, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.