Поетско-музичката манифестација „За тебе љубов моја“ која има долга, речиси триесетгодишна традиција на одржување во Гевгелија, вечер ќе се одржи во чест и сеќавање на неодамна починатата Слободанка Дуева која се смета за нејзин зачетник и творец.
-Беше културен работник и долгодишен директор на градската библиотека,но на почетокот од годинава тивко не напушти и замина во вечноста како што тивко го минуваше и животот.Во знак на нејзиниот лик и дело,вечер ќе се читаат стихови посветени на љубовта и жената,велат нејзините соработници кои продолжуваат со организирање на манифестацијата.
Почетоците на поетско културната манифестација ,,За тебе љубов моја,, датираат од 1995 година,кога прв пат се одржала по идеја на Слободанка Дуева и Ице Мурџев на кои веќе од наредната година во организацијата им се приклучиле и професорите по македонски јазик и култура,Даниела Џишева и Тони Аврамов.