Од овој месец пациентите на струмичката болница ќе можат да добиваат дијагностички услуги од магнетна резонанција. Апаратот е поставен и на него ќе се врши магнетна резонанција на глава, ‘рбетен столб и абдомен.
Според информацијата од ЈЗУ „Општа болница Струмица“, во тек е доедукација на персоналот, вклучително и соработка со лекари специјалисти по радиологија од терцијарна здравствена заштита, како и финална подготовка на апаратот за магнетна резонанција.
Пред четири месеци болницата почна со реализација на проектот за изградба и адаптација на простор за апаратот за магнетна резонанција и пациентите од овој регион повеќе нема да вршат такви прегледи во други здравствени установи и надвор од Струмица.
Апаратот е набавен преку Министерството за здравство.