Општина Гевгелија и УНДП заеднички организираа дводневна обука на која присуствуваа невладини организации и граѓански здруженија кои сакаат да аплицираат со предлог проекти од значење за жителите на општина Гевгелија во рамки на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан“.

-Во овој проект како приоритетни области ги издвоивме туризмот и културата, младите, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, социјалната инклузија и човековите права, посочија Биљана Георгиевска како координатор на проектот и консултантот Весна Кардалевска кои во двата дена од обуката работеа со присутните претставници од граѓанските органицации и вработените во општина Гевгелија.

Јавниот повик за аплицирање со предлог проекти од интерес на граѓаните трае до 28 март, а износот на средствата за реализација на одобрените проекти ќе се движи од 307.000 денари до 1,8 милиони денари.

На апликантите им е дозволено да поднесуваат повеќе од еден проект доколку вкупниот доделен износ за нивна реализација не надмине 3,7 милиони денари.

Избраните проекти ќе мора да се реализираат најдоцна до април наредната година.