Жителите на Чутуранско маало во село Косевица добиваат нова фекална канализација. Активностите ги изведуваат екипи наЈавното претпријатие „Камена Река“, од каде информираат дека со ова се решава децениски проблем на жителите од оваа рурална населба.

-Во завршна фаза е изградбата на локалната фекална канализација во Чутуранско маало во село Косевица, со што решаваме еден повеќедецениски проблем на жителите од оваа рурална средина каде досега се поставени полиетиленски цевки во должина од 350 метри, истакнаа од ЈП „Камена Река“.

Оттаму додаваат дека продолжуваат со спроведување на интензивни градежни активности и во останатите селски средини.

-По завршувањето на изградбата на фекална канализација во село Косевица следува изградба на септичка јама за заштита на животната средина и околните подземни води, додадоа од ЈП „Камена Река“

Целта на ваквите активности како што додадоа е решавање на комуналните проблеми и подобрување на условите за живеење, како во урбаната средина, така и во сите населени места од рурални средини во Македонска Каменица.