Намален е интересот за вакцинација против Ковид 19 во кумановскиот Здравствен дом, информираа денеска лекарите од установата каде се спроведува вакцинацијата. Оттаму појаснуваат дека намален интерес има за прва, втора и за трета доза, иако помеѓу повозрасни граѓани сè уште има интерес за трета доза и токму најголем дел од аплицираните дози, на дневно нив, вакцини се наменети за третата доза.

-Од први март, годинава почна кампања за мотивирање на граѓаните за примање вакцина, при што на дневно ниво се закажуваат околу 450 термини. Граѓаните можат да се обратат во пунктот за примање вакцина, за совет, за прашања во однос на вакцините. Ние како Здравствен дом им се јавуваме на голем дел од граѓаните кои имаат термини, да ги потсетиме и да одговориме на нивните прашања во однос на вакцинацијата-изјави д-р Монализа Мемети од Здравствен Дом Куманово.

Дел од граѓаните кои примиле порака се обратиле до пунктот и примиле вакцини. Во моментов се аплицира вакцината „Фајзер“, за прва, втора и трета доза.

-СЕПАК, ПОМАЛ Е БРОЈОТ И НА ОВИЕ ГРАЃАНИ. ИМА ГРАЃАНИ КОИ СÈ УШТЕ НЕ ПРИМИЛЕ НИТУ ЕДНА ДОЗА ВАКЦИНА И НЕ САКААТ ДА ПРИМААТ. ИМА И ГРАЃАНИ КОИ ПРЕКУ ПОРАКИТЕ И НАШИТЕ ЈАВУВАЊА СЕ МОТИВИРААТ И ПРИМААТ ВАКЦИНА-ДОДАВА МЕМЕТИ.

И во овој случај станува збор за повозрасни лица кои веќе примиле две дози. Од почетокот на вакцинацијата во Здравствен дом Куманово дадени се над 105.000 дози.